Во Сан Франциско роботи ќе прават хамбургери


Стартап Creator од Калифорнија направи машина која ке ги подготви сите состојки и ке направи хамбургер за само 5 минути. Потребни биле околу 8 години за да го направат роботот, но сега тој е речиси готов за големото деби на компанијата во ресторан во Сан Франциско.

Се очекува ресторанот да биде отворен во септември. Машината е долга околу 4 метри, содржи 20 компјутери, 350 сензори и 50 активатори (електро-мотори). Серија вертикални цевки се наполнети со кисели краставички, сирење, домат, кромид итн.

Роботот ќе биде поставен во центарот на ресторанот и ќе го замени традиционалниот шалтер. Месото се меле по нарачката и се пече, машината ги сече и ги пече лепчињата, става сосови, зачини. Серија лопатки ги туркаат плескавиците и сендвичите низ машината. Хамбургерот не доаѓа во контакт со човечки раце додека не дојде ред да му се подаде на купувачот.

Освен тоа, иако се направени од машина и од најквалитетни состојки, сендвичите кои ќе ги прави овој робот ќе чинат околу 6 долари.


Повеќе на TechCrunch.