Се укинуваат дисперзираните студии.

Секоја година на дисперзирани студии на државните универзитети немаше настава затоа што ниту еден кандидат не успеал да го положи приемниот испит или воопшто немало запишани нови студенти.

На Универзитетот “Св Кирил и Методиј” во последните 10 години се запишале вкупно 1.280 студенти. Архитектонскиот факултет кој има дисперзирани студии во Гостивар се пријавил само еден ама не се запишал бидејки не го положил приемниот испит. Исто така приемните испити биле проблем за четворицата кандидати кои конкурирале на истиот вид на студии во Охрид. И тие не успеале да го поминат приемниот. На овој вид на студии имало место за вкупно 140 студенти од кои во Куманово се запишал само еден нареден студент.

Истата таа година на дисперзираните студии по информатика и комјутерски инжинеринг во Тетово имало место за 100 студенти но се запишале само четворица.

За да се организира настава на дисперзирани студии потребно е да се запишат минимум 25 студенти.