Локалните избори моментално им одговараат на ВМРО-ДПМНЕ и на Беса. Од овие две партии се очекува најголем број градоначалнички места и оттаму доаѓа стравот на СДСМ од брзи избори.

Иако помеѓу партиите постои начелен договор за одржување на локалните избори наесен, сето ова како да пропаѓа во вода. Вчера (5/30/2017) парламентарното мнозинство го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори да се закажат во итна постапка.

Поради истечениот мандат на градоначалниците, општините се сочуваат со проблеми во функционирањето. Во овој момент градоначалниците ги извршуваат функциите технички, без никакви овластувања.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се одлучиле да предложат ваков закон поради тоа што сè уште постои сомнеж дали новоформираното владејачко мнозинство искрено сака да го испочитува овој договор од пред три недели за закажување локални избори во Р. Македонија, договорени помеѓу сите парламентарни партии да се одржат на 15 октомври.

Во меѓувреме да се продолжи мандатот на сите градоначалници и на советите на единиците за локална самоуправа поради тоа што веќе три недели се соочуваат, сите градоначалници, без разлика на која партија ѝ припаѓаат, со сериозни проблеми и не можат да им излезат во пресрет на барањата на граѓаните.

Local elections are currently correspond to the VMRO-DPMNE and Besa. These two parties are expected most mayoral posts and hence the fear of SDSM snap elections.Although between the parties exists an agreement in principle to hold local elections this autumn, all this as sinking in the water. Yesterday (30/05/2017) parliamentary majority rejected the proposal of VMRO-DPMNE for local elections to be scheduled in an urgent procedure.Because the expired term of mayors, municipal preserve with operating problems. At this point mayors perform technical functions without any powers. Ilija Dimovski from VMRO-DPMNE said to have decided to propose such a law because there is still doubt whether newly formed ruling majority sincerely wants to follow this agreement three weeks ago to schedule local elections in the Republic Macedonia agreed between all parliamentary parties to be held on October 15. Meanwhile to extend the mandate of all the mayors and councils of local government units because for three weeks face, all mayors, regardless of which party they belong to, with serious problems and they can not meet the requirements citizens.