Два различни малициозни софтвери за „Mac“ се продаваат на „dark web“ – темната страна на Интернетот до кој се има пристап само преку мрежи како што е „Tor“. Експертите предупредуваат дека ова може да се првите од низата кои ќе следат.

Додека повеќето корисниците на „Mac“ сметаат дека се безбедни бидејќи поголемиот број на вируси се креирани за да нападнат PC компјутери, „MacSpy“ и „MacRansom“ ја нагласуваат потребата за поседување на заштитник од вируси за оперативниот систем „Mac“, наречен „macOS“.

Пред неколку недели, експертите забележале појава на два скриени „MacSpy“ и „MacRansom“ веб страници и од тогаш се испитуваат примероци од безбедносни компании за да се откријат способностите на секој производ. „MacSpy“ се рекламира како еден од најсофистицираните шпионски софтвери.

Идејата на малициозниот софтвер е да се заклучи системот на корисникот, а потоа да му се презентира „pop-up“ прозорче во кое ќе пишува дека фајловите се шифрирани и ќе бидат избришани доколку одредена сума не биде платена. Сепак, експертите сметаат дека софтверот не е програмиран да изврши дешифрирање на документите и по плаќањето.

„MacSpy“, наводно, може да прави „screenshots“ на секои 30 секунди, да има пристап до синхронизирани фотографии во „iPhone“, да снима звуци дури и без вклучен микрофон и да ја зачува историјата и симнатиот материјал од „Safari“ и „Chrome“.

Ако сте корисник на „Mac“, добрата вест е што овие продукти можат лесно да се идентификуваат од секој добар заштитник од вируси. „Apple“ и натаму работи на подобрување на безбедноста на своите системи, а корисниците се советуваат да бидат во секој случај претпазливи и да не мислат дека ако користат „Mac“ се комплетно безбедни.

Извор: ttps://www.alienvault.com/blogs/labs-research/macspy-os-x-rat-as-a-service