Само 18 луѓе (14 астронаути на НАСА) ги изгубиле животите до сега во историјата на летањето во вселената. НАСА нема официјален протокол за случај кога има мртво тело во вселената. Астронаутите имаат и медицински тренинзи за да се обидат да спасат некого, но доколку некој почине нема официјална процедура што да се преземе.


Ако тоа се случи, од НАСА изјавиле дека ќе се грижат за таквата состојба кога реало ќе постои, односно би стапиле во процес на соработка помеѓу неколку институции за да осмислат решение за настанатата ситуација.



Сепак, се поставува прашањето што се случува со преживеаните астронаути кои треба да се справат со смртта на нивен колега. На ова треба посебно да се обрне внимание со оглед на фактот дека се подготвува мисија на Марс во 2040-те. До Марс би биле потребни 3 години за пристигнување, а тоа е многу време, па многу веројатно е да настане некој проблем. Ова се неколку работи кои не би функционирале во таков случај:

– Чување на телото во ќоше додека не биде испратена назад на Земјата – најмногу заради миризбата.

– Складирање на ковчег во леталото – секоја дополнителна тежина во леталото чини дополнително. Исто така, ова може да предизвика чудни психолошки проблеми за астронаутите.

– Фрлање на телото во вселената – ОН забрануваат загадување на вселената, а и телото доколку во него нема поставено ракета, тоа ќе се движи по траекторијата на леталото, па може и да го оштети.

– Закопување на Марс? – Проблемот е што не се знае како тоа би се извело, бидејќи има општества на кои многу им е потребно ѓубриво, па и тие не користат мртви тела за таа цел. На Марс, пак, закопувањето на мртви тела може да ги наруши истражувањата на тамошната почва.

НАСА како најдобро решение за ваквите случаи работи на планот кој го реализира во соработка со шведска компанија. Подразбира процес на замрзнување на телата со течен азот додека не станат кршливи, па потоа се претвораат во прав. Правот би се ставил во урна која би се прицврстила за надворешноста на леталото, па останките од починатиот би се вратиле на Земјата со завршувањето на мисијата.