Пред влезот на основното училиштето „Коле Неделковски“, загина жена која беше прегазена од комбе за достава.

Настанот се случил на улицата Антонио Грубишиќ во 9 часот кога теренско возило управувано од Т.Н. (1972) од населбата Илинден, удрило во жената-пешак.

Граѓаните вклучени во акцијата за одбрана на Дебар Маало му се лути на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски дека со години ги игнорирал нивните дописи за овој дел од населбата каде има школо но нема тротоари, улиците се тесни полни метеж.