2017 година ќе ја одбележи 10-годишнината од iPhone и Apple има големи планови со што ке го прослави повод. Има само неколку месеци пред лансирањето на iPhone 8, но поради амбициозните планови на Apple за уредот, веќе има изобилство на гласини алудирајќи на импресивни карактеристики кои доаѓаат во 2017 iPhone 8.

Гласините укажуваат дека iPhone 8 ќе има радикален нов редизајн, Повеќето гласини укажуваат на сензор за допир кој ќе биде вграден директно на екранот, што значи дека нема да има физичко копче. Имајки во предвид дека целиот преден дел на екранот ке биде практично екран а сензорот за допир под него ке се овозможи кастимизиран изглед на локацијата на сензорот.

Како iPhone 7 исто така iPhone 8 ке биде водоотпорен со што се претпоставува дека сега и тоа ке биде подобрено на IP68. Исто така има гласини дека можеби ке се отарасат од lightning портата и ке употребат USB-C но за тоа останува да видиме зошто нема никакви слики кои би укажале на USB-C порта.

Се претпоставува дека предната камера ке има 3D технологија на препознавање со што се овозможува камерата да ја забележи длабочината на лицето за многу по прецизно биометриско препознавање.

Задната камера или поточно една од двете задни камери би била поставена вертикално со што би се овозможило повеке место за сместување на дебели леќи со кои би се добил поголем оптички зум.