Nа крајно лизгавата патека Ушче на која утре ќе се одржи четвртата трка од кружниот шампионат во Србија се случи опасен инцидент

Предраг Стојковиќ попознат како „Верба“ на познатиот и најбрз свиок „С“, со неговиот автомобил Alfa Romeo 147 SP излета со голема брзина удирајќи во жардињерите кои се распрснаа и повредија двајца гледачи и се здобија со повреди и скршеници. Стојковиќ и двајцата повредени итно беа пренесени во ургентниот центар и се надвор од животна опасност. Автомобилот на Стојковиќ е уништен и тој повеќе од сигурно нема да настапи утре, а беше претедент за титулата оваа година…