Парацетамол кој содржи “Machupo” вирус.


На социјалните мрежи се шири информација дека парацетамол кој има ознака P/500 содржи “Machupo” вирус како што може да се види на сликата.

Овие информации се неточни и оригинално произлегуваат од Малезија во почетокот на 2017 година. Министерството за здравство во Малезија има потврдено дека ова се само гласини и дека не е возможно вирусот да преживее во сува околина како што се вакумираните таблети на парацетамол. Овој вирус го има само во Јужна Америка и се пренесува преку урина, фекалии, плунка и крв.