Мал судар но голема гужва


Во 11 часот денес кај Католичка црвка се судрија две возила. Поради лошата локација на сурадот (во кружниот тек) се создаде голема гужва. Возилата беа принудени да заобиколуваат и да се качуваат на тротоар. Судрените возилата не беа видливо оштетени и сопствениците пополнуваа европски извештај.

Во случај на мал судар кога нема повредени и возилата се во возна состојба законот вели дека треба истите да се отстранат од сообраќајот и да се пополни европски извештај.